Заспала Јанка, Јанинка

Заспала Јанка, Јанинка е македонска народна песна.

Текст на песната

уреди
Заспала Јанка, Јанинка
Заспала Јанка, Јанинка леле
заспала Јанка, Јанинка
на мајкино си колено [x2]
заспала Јанка, Јанинка
на мајкино си колено.
А мајка и ја будеше леле
а мајка и ја будеше,
стани ми ќерко стани ми
денес се ќерко не спие,
а мајка и ја будеше
денес се ќерко не спие.
Пукнала мајко треснала леле
пукнала мајко треснала,
ах што бев слатко заспала
и сладок сон сонувала. [x2]
На сон дојдоја три луди леле
на сон дојдоа три луди,
три луди млади момчина [x2]
на сон дојдоа три луди
три луди млади момчина.
Први ми даде злат прстен леле
први ми даде злат прстен
втори ми даде јаболко,
трети ме мене целуна. [x2]
Тој што ми даде злат прстен леле
низ него да се провирам,
тој што ми даде јаболко
зелен да биде до гроба. [x2]
Тој што ме мене целина леле [x2]
дај ми го Боже на јаве
со него век да векувам. [x2]


Надворешни врски

уреди

Блог за македонски народни песни