Зурли трештат на сред село
- Зурли трештат на сред село,
- Тапан бие рум-дум-дум,
- Млади моми и ергени,
- До две ора вијат.
- Оздол' иде стар бел дедо,
- Засукал мустаќи,
- Право трга на орото
- И тој да се фати.
- Го здогледа баба Неда,
- За рака го фати,
- Каде одиш старо-аро,
- Оро да им грдиш.