Извештај на УДБ-а по пуштањето на Ченто од затвор

Извештај на УДБ-а по пуштањето на Ченто од затвор

„На ден 29.2.1956 година, во 1 часот во Испоставата во Прилеп го повикав гореименованиот и уште одма му предочив дека го викам поради тоа што, после пуштањето од затвор, отпочнал да делува како непријател на оваа заедница, дека неговото такво држање ја преоѓа границата на дозволеното, дека неговата куќа е седиште на непријатели, дека се претставувал за борец и маченик за Македонија, а уствари е најобичен отпадник и издајник на Македонскиот народ, дека неговото држање не води кон ништо друго, сем затвор и што ќе го сториме без предомислување ако и натака продолжи како и сега...

Му беше потенцирано дека нема место за правдање, дека факт е тоа, дека неговото држање после пуштање од затвор е непријателско и дека ако продолжи така, ќе го ухапсиме.“


1 Март 1956