Имала мајка до девет сина
Ѓорги грозниче
- Имала мајка, имала,
- до девет сина убави,
- десетт грозен Ѓоргија
- Ѓоргија беше болничав.
- Мајка на Ѓорги говори,
- мани се Ѓорги од куќа,
- да не ми грдиш дворои,
- да не ми ругаш синои,
- и високите сараи.
- Ѓоргија мајка молеше,
- дробни си солзи ронеше,
- оф леле стара мајчице,
- не ли сум уште малечко.
- Пусти патишта ќе згрешам,
- во гора ќе се изгубам,
- ѕверои ќе ме изедат,
- без тебе мале ќе бидам.
- Мајка на Ѓорги говори,
- мани се грозно глупаво,
- мани се веќе од куќа,
- више те мајка не сака.
- Виде, не виде Ѓоргија,
- дека го мајка не сака
- пак мајка си ја замоли,
- дај ми ги мале пљачките,
- крпено и некрпено,
- татко ми што ми ги кроил,
- за убав ден и Великден,
- Мајка му пљачки исфрли,
- Ѓорги од куќа излезе,
- Кога ми Ѓорги излезе,
- Луто си мајка проколна,
- Оф леле стара мајчице,
- Кога од двори ќе излезам,
- Црната чума да влезе,
- Сараи да ти побута,
- Дворои да ти запусти,
- Синои да ти потепа,
- Сама ти мајче да останеш,
- и за Ѓоргија да кукаш.
- Шетал си Ѓорги по гори,
- по гори и по планини,
- слегна си долу селата,
- ценил се Ѓорги овчарче,
- Слугувал девет години,
- печалил Ѓорги печалил,
- до триста овци јаганца,
- станал ми Ѓорги чорбаџи.
- Еднаш се Ѓорги нажалил,
- за своја стара мајчица,
- за девет браќа убави,
- и високите сараи.
- Собрал си Ѓорги овците,
- кинисал Ѓорги пристигнал.
- Кога ми дома пристигнал,
- мајка пред порти седеше,
- и за Ѓоргија кукаше.
- Ѓорги на мајка говори,
- Оф леле стара мајчице,
- имаш ли конак за мене,
- ноќеска да си преноќам
- па утре ќе си земинам.
- Мајка го Ѓорги не позна,
- па му на Ѓорги говори,
- оф леле синко делија,
- имав конаци високи,
- и дворои широки,
- и девет сина убави,
- десетти беше Ѓоргија,
- Ѓорги ми беше болничав.
- Јас си на Бога погрешив
- Ѓоргија си го испадив,
- Кога ми Ѓорги излезе,
- Луто ме мене проколна,
- Како ме Ѓорги проколна,
- Пуста ме клетва достаса,
- Каде е сега Ѓоргија,
- Да си го мајка прегрне,
- мајкини гревои да прости,
- белки ќе мајка да пукне.
- Ѓорги на мајка говори,
- Јас сум ти мајко Ѓоргија,
- Ѓоргија мајко, најгрозен,
- најгрозен мајко, болничав,
- Тогаш го мајка прегрна,
- дробни си солзи пророни,
- прегрна мајка, целувна,
- и пукна мајка, од жалост.