Каде се чуло видело

Каде се чуло видело е македонска народна песна.

Текст на песната

уреди
Каде се чуло видело
владика турчин да стане
јамди aман
за едно лице набелено.:)
За едно лице набелено
и едни нокти к'носани
за едно лице набелено, јамди аман
и едни нокти к'носани.
Сите ми одат чаршија
владика оди на бербер
владика оди на бербер, јамди аман
брадата да му избричат.
Кога му брада бричеа
деведесет оџи гледаа
деведесет оџи гледаа, јамди аман
сто и педесет кандила светеа.
Сите ми одат на црква
владика оди в џамија
владика оди в џамија, јамди аман
да си ја мени верата.
Кога му вера менуваа
сто и педесет оџи пееа
сто и педесет оџи пееа, јамди аман
деведесет кандила гореа.
Убаво име му дадоа
Асан делија потурчен
Асан делија потурчен, јамди аман
што си ја мени верата.

Надворешни врски

уреди

Блог за македонски народни песни