Каде се чуло мамо видело
Каде се чуло мамо видело е македонска народна песна.
Текст на песната
уреди- Каде се чуло мамо видело
- мома в зандани мамо да лежит
- за таткови си мамо борџови.
- Девет години мома лежала
- никој ми мома мамо не барал
- никој ми мома мамо не видел.
- На мајка книга моме пратила
- мајч ле мила моја мајчице
- ај продај си мила мамо чифликот.
- Ај продај си мила мамо чифликот
- на бегот пари мајко однеси
- од зандани да ме мајко извадиш.
- Керче ле мила моја, керче ле
- бегот си пари ќерко не сакат
- туку ти сака ќерко лицето
- белото лице ќерко, убаво
- и твојта рамна снага висока.
- Мајче ле мила моја мајчице
- девет години мајко си лежев
- и уште деветдесет да лежам
- на турчин лице мајко не давам.