Кажи, кажи либе Стано

Кажи, кажи, либе Стано,
Што си замислена.
Дали руба немаш Стано,
Или пари немаш.
Се си имам, либе Димчо,
Само едно немам.
Јас си немам, либе Димчо,
Од срце порода.
Јас ќе одам, либе Димчо,
Во Солуна града.
Ќе ти купам, либе Стано,
Дете позлатено.
Ај, што ќе ми е, либе Димчо,
Дете позлатено.
Кога нема, да ми каже,
Од срцето мајчице.

Надворешна врска

уреди

Музика