- Кажи Јано, кажи душо,
- Која вечер јас да дојдам?
- Кажи Јано, кажи душо,
- Која вечер, џанам, јас да дојдам?
- Кога сакаш, тогаш дојди,
- Со мнозина не доваѓај!
- Кога сакаш, тогаш дојди,
- Со мнозина не доваѓај!
- Да го земиш тој Ѓорѓија,
- Тој Ѓорѓија-офардата.
- Да го земиш тој Ѓорѓија,
- Тој Ѓорѓија, џанам-офардата.
- Тој ме знае, кај што седам,
- В одајчето варосано.
- Тој ме знае, кај што седам,
- В одајчето варосано.
- В одајчето варосано,
- Варосано, кадросано.
- В одајчето варосано,
- Варосано, џанам, кадросано.
- Одајчето ми е мало,
- Тоа збира само двајца.
- Одајчето ми е мало,
- Тоа збира, џанам, само двајца.