Кажи Рајне, кажи душо
- Кажи Рајне, кажи душо,
- Кој ти нишан стори,
- Кој ти нишан стори Рајне,
- На белото лице.
- Штом ме прашаш стара мајко,
- Право ќе ти кажам,
- Право ќе ти кажам мајко,
- Тебе не те лажам.
- Сношти беа стара мајко,
- Момци Македонци,
- Си бели коњи, мајко,
- И со жолти узди.
- Главатар им беше, мајко,
- Мојто прво либе,
- Тој ми нишан стори, мајко,
- На белото лице.