Каранфил невесто мори
Каранфил невесто мори е македонска народна песна.
Текст на песната
уреди- Каранфил невесто мори
- вода ми се пие [2х]
- ако ти се пие лудо
- појди па се напи. [2х]
- Каранфил невесто мори
- со усте напи ме [2х]
- усте ми е полно лудо
- со локум шеќери. [2х]
- Каранфил невесто мори
- вода ми се пие [2х]
- ако ти се пие лудо
- појди па се напи. [2х]
- Каранфил невесто мори
- со шепа напи ме [2х]
- шепа ми е полна лудо
- со златни прстење. [2х]