Крушево абер пристигна
- Крушево абер пристигна
- кој има синој големи
- комити да ги испрати ---
- во тоа славно Смилево. х2
- Стојан си немал синои х2
- само си ја имал Тодорка
- Тодорка една на мајка х2
- Тодорка една на татко.
- Тодорка на татко велеше
- купи ми пушка берданка
- и една сабја пренгија
- јас комита татко ќе одам. х2
- во тоа славно Смилево.
- А што беше лична Тодорка
- нарами пушка на рамо
- запаша сабја пренгија
- три години години шетала
- никој Тодорка не познал
- дека е Тодорка девојка.