Ленка – Кочо Рацин
(Пренасочено од Ленка)
- Откако Ленка остави
- кошула тенка ленена
- недовезена на разбој.
- и на налани отиде
- тутун да реди в монопол –
- лицето ѝ се измени
- веѓи паднаја надолу
- и усти свија кораво.
- Не беше Ленка родена
- за тија пусти тутуни!
- Тутуни – жолти отрови
- за гради – китки розови.
- Прва година помина
- грутка в срцето ѝ легна,
- втора година намина
- болест ја в гради искина.
- Трета година земјата
- на Ленка покри снагата.
- И ноќе кога месечко
- гроб ѝ со свила виеше.
- Ветерчок тихо над неа
- жална ѝ тага рееше:
- „Зошто ми, зошто остана
- кошула недоткаена?
- Кошула беше даровна.