Лешочкиот манастир

Сардисале, сардисале,
Лешочкиот манастир,
сардисале, сардисале,
арнаути слатинчани.
Сардисале, сардисале,
арнаути слатинчани.
Абре попе егумене
каде ти се комитите
абре попе егумене
каде ти се комитите.
Абре паша кузум паша,
јас комити не познавам,
а бре паша кузум паша
јас комити не познавам.
Се налутил турскиот паша,
го запалил манастирот
Се налутил Гоце Делчев,
ја запалил џамијата.

Надворешни врски

уреди

Блог за македонски народни песни

Во изведба на Васка Илиева