Лисаво
- Лисаво, Лисаво, Лисаво на мајка,
- џан бела кадуно, солунска коконо, (х2)
- Ти кога запеиш, Лисаво на мајка,
- далеку се слуше, дур на нашта нива,
- дур на нашта нива, дур на нашта слива.
- Јас кога да слушнам, Лисаво на мајка,
- сарпот го фарљувам, на стог са качувам,
- срце ми голее, шо арно си пееш.
- Ти кога запеиш, Лисаво на мајка,
- далеко се слуше, прико три планини,
- прико три морини, солунското поле.
Оваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.