Македонија во билатералните и мултилатералните договори на балканските држави 1861-1913, документ бр.48

ЗАПИСНИК од состанокот на воените претставници на завојуваните балќански држави за прекин на непријателствата Букурешт, 17-ти/ЗО-ти јули 1913 година1


Воените делегати на состанокот одржан денес на 17/30 јули 1913 година да утврдат спогодба за прекин на непријателствата, според одлуката на Конференцијата, се единствени во мислењето сегашните непријателства да се прекинат со едноставно запирање на дејствата под следните услови:

1. Демаркационата линија ќе биде повлечена на еднакво растојание од местата на кои што се наоѓале претстражите на 18/31 јули по пладне. Оваа линија ќе биде одбележана со бели знамиња.

2. Запирањето на непријателствата ќе трае 5 дена а ќе започне на 18/31 јули по пладне, по средноевропско време.

3. Движењето на единиците и снабдувањето, од било каков карактер, нема да биде спречувано зад линиите на претстражите.

4. Врз принципот на заемност завојувачките држави ќе си го соопштат едната на другата сегашниот распоред за да престанат во исто време непријателствата на сите линии.

5. За прекинот на непријателствата итно ќе бидат известени врховните команди за да можат да ги издадат потребните наредби.

6.Одредбите од чл.40 и 41 што се однесуваат на законите и обичаите на сувоземната војна ќе бидат применети.

Во потврда на сето тоа ние го потпишуваме овој записник.

Потписници:

Генералот аѓутант К. Коанда, генерал Фичев, полковник К. Кристеску, полковник К. Смиљаниќ, потполковник Станчев, потполковник Калафатовиќ, капетан К. Пали.


( Уговор о миру.., 6 )


1Анекс кон Протоколот бр. 1