Македонија во билатералните и мултилатералните договори на балканските држави 1861-1913, документ бр.50

ПРОТОКОЛ бр.3 од седницата одржана во петок на 19-ти јули/1-ви август 1913 година


Седницата е отворена во 4 часот по пладне. Присутни:

За Бугарија:

Н.Е. г. Димитар Тончев - министер за финансии, генералот Иван Фичев - Шеф на Генералштабот, г. Сава Иванчов - поранешен потпретседател на Собранието, г. Симеон Радев и генералштабниот потполковник Константин Станчов.

За Грција:

Н.Е. г. Ел. Венизелос - Претседател на Министерскиот совет и воен министер, Н.Е. г. Д. Панас - ополномоштен министер, г. Николас Политис - професор по Меѓународно право на Парискиот универзитет и капетанот К. Пали.

За Црна Гора:

Н.Е. генералот сердар Јанко Вукотиќ - Претседател на Министерскиот совет и воен министер, г. Јован Матановиќ - поранешен директор на поштата и телеграфот и поранешен вршител на работите.

За Романија:

Н.Е.г. Т. Мајореску - Претседател на Министерскиот совет и министер за надворешни работи, Н.Е. г. Алеке Маргиломан - министер за финансии, Н.Е. Таке Јонеску - министер за внатрешни работи, Н.Е. К. Дисеску - министер за просвета и црковни работи, дивизискиот генерал аѓутант К. Коанда - главен иснспектор на артилеријата и полковникот К. Кристеску - заменик шеф на Генералштабот.

За Србија:

Н.Е. г. Никола П. Пашиќ - Претседател на Министерскиот совет и министер за надворешни работи, Н.Е. Михаило Ристиќ - вонреден пратеник и ополномоштен министер на Србија во Букурешт, Н.Е. д-р Мирослав Спалајковиќ - ополномоштен министер, полковникот К. Смиљаниќ и потполковникот Д. Калафатовиќ.

Прочитан е и прифатен протоколот од минатата седница.

Збор зема г. Тончев, првиот делегат на Бугарија, и рече дека му се познати предлозите на сојузниците. Додаде дека Бугарската делегација ќе ги проучи и дека се надева дека на првата наредна седница ќе може да ги поднесе своите противпредлози.

Господинот Мајореску предложи седницата да се одложи за утре во 4 часот за да може да продолжат преговорите помеѓу делегатите на различните земји.

По едногласното прифаќање на предлогот на претседателот седницата е завршена во 4 часот и 30 минути.

Потписници:

Т. Мајореску, Д. Тончев, генерал Фичев, д-р. С. Иванчов, С. Радев, потполковникот Станчов, Е.К. Венизелос, Д. Панас, Н. Политис, К. Пали, генералот сердар Ј. Вукотиќ, Јован Матановиќ, Ник. П. Пашиќ, М, Г. Ристиќ, М. Спалајковиќ, полковникот Смиљаниќ, потполковникот Д. Калафатовиќ, А. Маргиломан, Таке Јонеску, К. Г. Дисеску, генерал аѓутант Коанда, полковник К. Кристеску.


(Уговор о миру.., 9-10)