Македонија во билатералните и мултилатералните договори на балканските држави 1861-1913, документ бр.57
ЗАПИСНИК од состанокот на воените делегати на Бугарија и Грција за договорената траса за привремена гранична линија1 , 25 јули/7 август 1913 година
Воените делегати на Грција и Бугарија се состанале денес на 25 јул и (7 август) 1913 година во Букурешт за конечно да ја повлечат трасата на границата меѓу двете држави договорнички. Се спогодиле за следното:
1. Граничната линија ќе поаѓа од новата српско-бугарска граница на сртот на планината Белашница и ќе излезе на устието на р. Места во Егејско Море. ...
2. Помеѓу овие две крајни точки граничната линија ќе врви по трасата одбележана на австриската карта 1: 200.000, според описот приложен кон овој записник.
Потписници:
Генерал Фичев Потполковник Станчов Капетан Пали
(Уговор о миру.., 45)
1 Документот е прилог А кон Протоколот бр. 9