Македонија во билатералните и мултилатералните договори на балканските држави 1861-1913, документ бр.59

ЗАПИСНИК од состанокот на воените делегати на Бугарија и Србија за договорената траса на новата гранична линија помеѓу двете држави1 , 25 јули/7 август 1913 година

Воените делегати на Бугарија и Србија се состанаа денес на 25 јули (7 август) 1913 година во Букурешт за да ја повлечат дефинитивната граница меѓу двете држави во областите освоени {курзив - ММ) од Турција. Се договорија за следново:

1. Граничната линија ќе поаѓа од врвот Патарица на сегашната граница ќе оди по старата турско - бугарска граница и по вододелницата меѓу Вардар и Струма - изземајќи го горниот дел на долината на Струма што ќе и припадне на Србија, и ќе излезе на планината Белашница каде што ќе се спои со бугарско - грчката граница.

2. Детален опис на границата е приложен кон овој записник, како и нејзината траса на картата на австрискиот Генералштаб со размер 1: 200.000.

Потписници:

Генерал Фичев, Полковник Станчов, Полковник К. Смиљаниќ, Потполковник Д. Калафатовиќ

( Уговор о миру .., 47 )


1 Документот е прилог Ц кон Протоколот бр, 9.