Македонија во билатералните и мултилатералните договори на балканските држави 1861-1913, документ бр.60

ДЕТАЛЕН ОПИС НА БУГАРСКО-СРПСКАТА ГРАНИЦА1

Граничната линија на север поаѓа од старата бугарско - српска граница од точката Патарица и оди по старата бугарско - турска граница до Диздерица а потоа по вододелницата меѓу Вардар и Струма поминува преку Луков врв (1297), Обел, Полјана, котите 1458 и 1495, Занога (1415), Понорица, Кадица, котите 1900 и 1453, Чингане Калеси, гребенот Клепало, котата 1530, гребенот на планината Малеш (1445) а потоа свртува на запад кон котите 1514 и 1300, преминува преку гребенот Драганева даг, Кади мезар тепеши, ја преминува реката Новичанска јужно од селото Рајанци, врви помеѓу селата Ословци и Сушево, преминува преку реката Струмица помеѓу Радичево и Владовци се качува кон котата 850 а потоа одново оди по вододелницата меѓу Вардар и Струма преку котите: 957, 571, 750, 895, 850 и излегува на гребенот на планината Белашница каде што се спојува со бугарско - грчката граница. Во Букурешт, на 25-ти јули (7 август) 1913 година Потписници:

генерал Фичев, полковник К. Смиљаниќ, потполковник Станчов, потполковник Д. Калафатовиќ

( Уговор о миру.., 48 )

1 Документот е прилог Д кон Протоколот бр. 9