Македонија и Македонците во делото на Никифор Григора
Македонија и Македонците во делото на Никифор Григора – византиски историограф од XIV век.
Никифор Григора (1295–1360) роден е во епископскиот град Хераклеја на Понт. За неговите родители не се знае ништо. Фамилијата не можела да влијае на развојот на Григора, бидејќи на 10 години останал без двата родитела. Повеќе отколку за родителите Григора оставил спомен за неговиот вујко-хераклејски епископ Јован, кој што му го овозможил образоването.
Во престолнината Н. Григора се дружел со Теодор Метохит и патријархот Јован XIII Гликас. Тоа му го трасирало патот на византискиот двор. Императорот Андроник II инаку самиот астроном аматер, сакал да се дружи со образовани луѓе и со нив да води научни разговори. Григора имал можност да настапи пред императорот со свое реторичко излагање и да ги здобие неговите симпатии. Императорот му понудил на Григора функција хартофилакс, но Григора му се заблагодарил и останал доследен на својот став да не учествува во политиката. Неговите амбиции биле на друга страна. Веќе имал завршено неколку дела, кога во 1324 година предложил реформа на календарот, кое нешто уште повеќе го афирмирало како научник. Императорот го одобрувал предлогот,но немал енергија или не наоѓал сила да се обиде да го оствари во држава што не била склона кон промени. Сепак Н. Григора во својот живот прифатил една политичка мисија, која што има важност и за нас. Бил испратен во Србија како пратеник со задача да ја наговори ќерката на Теодор Метохит-Ирина, своја некогашна ученичка, да се врати во Византија (1327). Таа по низа околности се затекнала на дворот на српскиот крал Стефан Урош III Дечански, инаку нејзин зет, но не како гостинка, туку таму живеела во избеглиштво. Нејзиниот сопруг паниперсеваст Јован Палеолог, внук (од брат) на императорот Андроник II Палеолог, се одметнал од него со желба да се осамостои во еден дел од Империјата.
Зад себе Григора оставил обемна книжевна заоставштина. Особено е значајна за нас неговата «Ромејска историја» од 37 книги. Освен неа пишувал писма, две астрономски дела и други дела, на број до 80.
Со историографија Н. Григора се занимавал «одамна», како што сам вели на едно место. Истражувачите откриле податоци дека материјал прибирал уште во времето на симнувањето на Андроник II (1328). Од тогаш па се’ до смртта Н. Григора се занимавал со историја, но на тоа поле не ги растурил своите напори во големиот број разновидни дела, туку ги посветил на своето главно дело «Ромејска историја».
Формално Н. Григора го започнал своето дело од 1204 година, како пресвртница во историјата на Византија. Но, излагањето на Григора има карактер на вовед се’ до осмата глава, каде што почнува расказот за судирот помеѓу двајцата Андрониковци. Во својот вовед Григора се потпира на неговите претходници, претежно на Георги Пахимер и Георги Акрополит.
Истражувачите многу се труделе да утврдат кога е напишана «Ромејската историја». На крајот е заклучено дека таа е пишувана на «бранови», од 1328–1338 г. Сепак делото не можело да биде завршено пред 1341 година, бидејќи во него е поместен надгробниот говор за императорот Андроник III , значи го завршил 1344, а го објавил 1347 година. Тогаш веќе Н. Григора ги имал напишано поглавијата на продолжетокот до 1354 година.
Григориното дело постепено продрело во книжевната традиција кај Јужнословенските народи. Дел од податоците што се наоѓаат во првите 11 книги ги искористил Мавро Орбин, авторот на «Кралството на Словените» што се смета за прва историја на Јужните Словени.[1]
Во првиот дел од «Ромејската историја» на Н. Григора, иако не е современик за тоа, сепак дава податоци и за Македонија и Македонците. Приредувачите на збирката «Византијски извори за историју народа Југославије», Том VI, Београд 1986, посебно преведувачите на Н. Григора: Сима Чирковиќ и Божидар Ферјанчиќ ги преведуваат тие податоци без коментар, што може да значи дека ги прифаќаат истите [2]. За разлика од нив издавачите на «Извори за българската история» том ХХV-Гръцки извори за българската история, XI, Софија 1983 година, Ал. Милев и Л. Јончев се обидуваат во своите коментари да докажат дека Н. Григора се служи со «античката терминологија но не секогаш е доследен во тоа, бидејќи кога зборува за Македонија и Македонците мисли на визнтиската тема Македонија»[3] во Тракија. Поведен од нив и Петар Коледаров во своето дело 1 «Името Македонии в историческата география» Софија 1985, доаѓа до слични заклучоци, но признава дека во поголем дел Н. Григора е «доследен» во архаизацијата. Сепак, смета Коледаров дека Н. Григора не е целосно доследен и дека понекогаш се влијае од средновековната макротопонимија, наложена од византиските теми [4]. За таа цел наведува податоци од «Ромејската историја» кои се однесуваат на периодот од XIII век, кои што Н. Григора ги презел од своите претходници и за кои не е современик. Но, и тие податоци не се целосно презентирани, туку само фрагментарно. Токму затоа се наметна потребата да се презентираат сите податоци што ги дава Н. Григора за Македонија и Македонците, како современик и истите да се коментираат, за да се види кога зборува за «темата» Македонија, а кога за историско-географската област Македонија. И овде исто така се презентирани и оние податоци од Н. Григора за кои тој не бил современик.
Прв пат Н. Григора споменува за Македонија кога зборува за бугарско-никејската војна 1221/22 и епирско-никејската 1222/24 година и крунисувањето на Теодор Ангел за цар од страна на Охридскиот архиепископ Димитри Хоматијан. Во првата епизода Н. Григора вели дека: «…така лесно Јован (Јован Асен II 1218–1241 гг.) ги прегазил сите места до Солун и Македонија и ги претворил сите села, градови и тврдини како што се вели во скитска пустина…(και ούτω πάντα 'ράδίως ό Ιωάννης κατέδραμεν άχρι θεσσαλονίκης και Μακεδονίας, όπόσα εκ κώμαις και πόλεσι και φρουρίοις , ν έρημίαν, το δη λεγόμενον, άποδείξας)» [5]. Но овој бугарски μικρού напад бил со грабачки карактер, бидејки кон Солун се проширил епирскиот владетел Теодор Ангел. За тоа Н. Григора вели «најпосле го покорил и самиот главен град νСолун, кој што е прв во земјата на Македонците… (έως και αυτήν ή της τ ν θεσσαλονίκην)» [6]. Токмуς έχειρώσατο μεγαλόπολιν τηηται γηΜακεδόνων προκά овој податок А. Милев и Л. Јончев го коментираат дека «се однесува на жителите на темата Македонија» [7], а знаеме дека Солун не бил главен град на таа тема, туку тоа бил градот Одрин и уште повеќе Солун не влегувал во составот на темата Македонија. С. Чирковиќ овој дел го преведува нешто поинаку: «го зазел и Солун главен град на Македонија» [8].
Во веста за крунисувањети на Теодор Ангел за цар Н. Григора ја истакнува улогата на Охридскиот архиепископ, при што се задржал на името «бугарска архиепископија» и дава објаснување како е добиено тоа име, велејќи дека таа од порано не се викала така, туку откако била завладеана од Бугарите била наречена «бугарска» [9].
Н. Григора и податоците за битката во Пелагонија што се водела помеѓу никејските војски и антиникејската коалиција во 1259 година ги презел од Георги Акрополит. При подготовките за таа битка дошло до бугарски продор во Тракија, при што никејските војски презеле контра офанзива. При тоа «тие успеале да ја заземат Македонија» што најверојатно се однесува на «темата Македонија» во Тракија, бидејќи тие дејства се одвивале надвор од историската област Македонија. Но, во екот на предиграта за битката во Пелагонија и епирскиот деспот (цар) Теодор Ангел решил да навлезе во Македонија и Тракија «тој претпоставувал дека штом ќе посака, лесно ќе ги помине со меч Македонија и Тракија» (Μακεδονίαν και θράκην αύτίκα μάλα βουλόμενον) [10]. Оваа вест може да се толкува во двојна смисла. Може да се однесува и на темата Македонија, а може да се однесува и на историска Македонија. По веројатно е второто гледиште, бидејќи Никејците неколку години пред таа битка (1251/52 год) повратиле некои градови во Македонија, за што впрочем зборува и Н. Григора, истакнувајќи дека: «кога царот (Јован III Ватац) стигнал во Солун и Македонија, повторно му паднале во раце повеќе западни градови. Нив нападот на Михаил (Михаил II епирски владетел) ги заплашил па за кратко време го изневериле, имено Костур и Преспа и уште многу други. Михаил му και όги вратил на Царот покрај останатите и тврдините Прилеп и Велес» (έπει δε ράδίως αί αύτωβασιλεύς περί θεσσαλονίκην και Μακεδονίαν έγένετο, πάλιν ύ πλείους των δυτικών έγίνοντο πόλεων, όπόσας ή του Αγγέλου Μιχαήλ έφοδος έκλόνησέ τε και προς βραχύν τίνα χρόνον παρατραπήναι πεποίηκε, Καστοριά τε και Πρέσπα, και επί τούτοις ετεραι ουκ όλίγαι.ό&εις φόβο νσχατο ν συνελαν έεν εις το ό Μιχαήλ πρεσβεύεται προς τον βασιλέα και τάς πρατέρασ ανακαλείται σπονδάς, ν Βελεσόν)άποδιδούς αύτω και φρούρια, τα τε άλλα και τον Πρίλλαπον, ένι τε το [11]. Споменатите градови никогаш не влегувале во темата Македонија, што значи станува збор за историска Македонија.
Дека е така потврдува понатамошното искажување на Н. Григора, кој што вели дека на пат за битката никејската војска «непосредно пред есенската рамнодневница (1259 год) стигнала кај Охрид и Девол. Тоа се македонски тврдини кои осигуруваат целосна безбедност άνουσι περί Άχρίδαν τε και Δεάβολιν. Φρούριαна оние што ги поседуваат» [12] (φ ς)ν άσφάλειαν τοις χρωμένοις αύτοταύτα Μακεδονίας , πολλήν παρασχόμενα τη [13]. Познато е дека Охрид и Девол никогаш не влегувале во византиската тема Македонија. Тоа значи, Н. Григора јасно кажува дека тие се македонски тврдини, мислејќи на историската територија на Македонија.
По битката во Пелагонија никејските војски набргу влегле во Цариград и ја обновиле Византија (1261 год.). Но непријателствата со западните држави продолжиле. Овде треба да се одбележи обидот на Карло Анжујски 1281/82 година преку својот војсководач Росонсул да ги завладее «Белград (Берат) и најважните утврдени места во ν Μακεδονίας) [14] и потоаοσα των Βελλεγράδων φρουριον και Македонија» (τω да се насочи против Цариград.
Настаните опишани во вториот дел од Историјата на Никифор Григора се многу по аргументирани и поубедливи. Тука ќе ги посочиме податоците за Македонија што ги дава Н. Григора кога зборува за каталонската експедиција во Византија, посебно за дејноста во Македонија во периодот 1307-1311 година, како и односот на српскиот крал Милутин кон нив и кон Туркопулите. Над 5 000 Каталонци во есента 1307 година ги пљачкале селата на Македонија за да обезбедат продукти за зимата. Притоа кај градот Касандрија направиле логор за да ја поминат зимата. Во пролетта 1308 година ги нападнале градовите во Македонија, меѓу кои Солун бил нивна главна надеж, верувајќи дека од него би можеле да загосподарат со цела Македонија. Византискиот император Андроник II го осуетил тој план со тоа што наредил кај градот Христопол (Кавала) да се изгради ѕид од морето до врвот на блиската планина «така што местото станало непроодно за оние кои сакале да поминат од Тракија во Македонија или од Македонија во Тракија. Освен тоа испратил воени заповедници и им наредил да соберат доволно војска која ќе ги брани македонските градови» [15] (πέμψας γαρ πρώτον μεν τον περί την Χριστούπολιν μακρόν έκτισε τείχος από θαλάσσης μέχρι της άπαξ μη βουλομένωτου παρακειμένου όρους άκρωνυχίας•ως άβατον είναι το χωρίον κα έλουσι διαβαίνειν, τοις τ' απότω βασιλεΐ τοις τ' εκ Μακεδονίας ες Θράκην έ Θράκης ες Μακεδονίαν... Μακεδονία πόλεων) [16].
Од исказот јасно се гледа дека не станува збор за византиската тема Македонија, бидејќи таа била на територијата на Тракија. Крстопол е посочен како граница помеѓу Тракија и Македонија, иако се наоѓа на македонска територија.
По ова акција на Андроник II Каталонците се нашле во опасност од глад. Исто така стравувале «да не се обединат Илирите, Трибалите, Акарнанците и Тесалијците кои биле соседни племиња на Ромеите што живееле во Македонија» [17] и така ги обиколат и убијат бидејќи нема каде да бегаат и да се спасат. По извесно време Каталонците ја напуштиле Македонија и преминале во Тесалија и Средна Грција, каде што во 1311 година формирале своја држава со седиште во Атина [18].
За тоа дека Н. Григора не зборува за византиската тема Македонија туку за историската територија на Македонија сведочат и податоците што ги дава за областа што ја управувал византискиот намесник Сиргијан, истакнувајќи дека «само што наполнил 25 години, царот го испратил за заповедник и управник на една област во Македонија и тоа онаа што ги има Илирите [19] за најблиски соседи» (Πέμπτον δ' άρτι και εικοστόν της ηλικίας έτος αμείβων πέμπεται προς του βασιλέως στρατηγός και διοικητής μιας των περί Μακεδονίαν επαρχιών , ή τους Ιλλυριούς μάλιστα όμοροϋντας έλαχε) [20]. Според С. Чирковиќ и Б. Ферјанчиќ седиштето на Сиргијан било во Костур [21], а тој е далеку од византиската тема Македонија.
Кон овие податоци треба да ги придодадеме и оние што зборуваат за граѓанскат војна во Византија водена помеѓу Андроник II (Стариот) и внук му Андроник III (Младиот). Посебно оние што се однесуваат за крајот на војната 1327 година. Н. Григора вели дека: «Стариот цар испратил тајни писма до кралот на Србија во врска со воената помош, а исто така и на синот Димитар, деспот, кој тогаш бил намесник во Солун и околината. Барал од него (Димитар) заедно со двајца свои роднини, протовестијарот Андроник и Михаил Асен, кои во тоа време се наоѓале како намесници во Белграт (Берат) и останатата Македонија (Βελλεγράδων και της άλλης Μακεδονίας), и со македонските војски на прво место да ги обезбедат градовите на Македонија (τάς Μακεδονικάς πόλεις) и да ги отстранат сите оние што се сомнителни» [22]. Овде Григора по грешка го ставил Белград (Берт) во Македонија, можеби поради подолгата припадност кон римската провинција Македонија или кон охридската архиепископија, бидејќи се’ уште бил населен со Словени [23].
Дека овие податоци не се однесуваат на темата Македонија сведочи и расказот на Н. Григора за неговото патување на српскиот двор 1326 [24] година, кој е даден во писмото до Андроник Зарида, а исто така е поместен и во неговата «Ромејска историја» . Таму Григора кога зборува за преминот преку реката Струма вели дека «сите знаат оти Струма е непроодна река и за пешаци и за коњаници, бидејќи таа е најголемата река од тие што протекуваат низ Тракија и Македонија» [25] потоа зборува за нејзините извори и т.н. и за патот до Струмица. За одбележување е неговата констатација дека «се наоѓавме во туѓи места во непрегледен мрак и притоа меѓу луѓе кои не го знаеа нашиот (грчки б.м.) јазик... некои од нашите разбраа нешто од нивниот јазик» [26] (πώς γαρ ου; εν τόποις άλλοτρίοις όντων και άωρία τοιαδε και γλώσσή προς τούτοις ούχ χρώμενοι;...ήσαν γαρ οι και των ημετέρων της εκείνων γλώττης ου πάνυ τοι αδαείς ήσαν) [27]. За време на престојот во Струмица го отпразнувале Велигден, за што Н. Григора вели: «целата (црковна) служба, стројното пеење и мелодичноста на светите песни немаат никакво значење за тукашните жители, бидејќи се служат со варварски јазик и карактерот им е воопшто сличен повеќе за земјоделци» [28].
Овие податоци не може да се однесуваат на темата Македонија, идејќи тамошните жители го знаеле грчкиот јазик, а и богослужбата во византиските теми се вршела на официјалниот грчки јазик. Тоа значи дека под Македонија овде Н. Григора ја подразбира класичната историска Македонија.
Во рамките на таа Македонија Н. Григора ги става и градовите Сер, Мелник и Просек. Тоа особено се проучува од неговиот расказ за крајот на граѓанската војна во Византија 1328 година. Тука Григора истакнува дека Андроник Младиот се пробил до Серги победил деспот Димитри и Михаил Асен и «тргнал понатаму и ги поминал во тек на малку денови сите гратчиња во Македонија (....) лесно и без отпор ги потчинил» [29] (...την Μακεδονίαν πολίχνια...) [30]. Приврзаниците на стариот император кои «порано ги испратил да управуваат во областите и градовите на Македонија» биле со жените и децата заробени. Михаил Асен за да се спаси влегол во Просек, кој подоцна го предал на српскиот крал (ό δε Άσάν Μιχαήλ σπεύσας εισήλεν ες το του Προσιάκου πολίχνιον... παρά του Κράλη Σερβίας φρουράν) [31].
Исто така Н. Григора е прецизен во употребата на името Македонија, кога зборува за српско-византиската војна 1333–1334 година, посебно за пребегнувањето на Сиргијан кај Душан. Сиргијан едно време исчезнал од Цариград и по една година испратил писмо до Андроник III од Евбеја, во кое го молел за милост и «парче земја на кое би можел да се насели со жената и децата, негде во Македонија на крајните граници на ромејското подрачје» (Μετά δ' ένιαυτόν έστειλεν εξ Εωβοίας γράμματα τω βασιλεΐ, δεόμενος δοθήναί οι συμπάθειαν και χώρόν τίνα προς οϊκησιν άμα γυναικί τε και τέκνοις που τάς εσχατιάς των κατά Μακεδονίαν 'Ρωμαϊκών ορίων) [32]. Бидејќи неговата молба не била прифатена Сиргијан ја напуштил Евбеја и отишол кај кралот на Србија. Тој му станал се: пријател и сомисленик, добредојден советник, најупатен во внатрешните работи. Притоа Сиргијан му ветил дека «ќе ја потчини ромејската област во Македонија на Трибалите, ако кралот му помогне на него да завладее со Ромеите...» [33].
Навистина со помошта на Сиргијан кралот Душан успеал да освои повеќе македонски градови. Соочен со тоа Андроник III презел контра мерки. Влегол во преговори со Сфранцес Палеолог, кој бил испратен да го убие Сиргијан, но овој план бил вешто прикриван. Самиот Сфранцес «имал намера да тргне во Македонија... бидејќи се средил опјавал брзо во Македонија, не водејќи војска бидејќи сите му биле сомнителни...» [34]. Во својата намера Сфранцес успеал. Преправајќи се дека и тој се одметнал од византиската централна власт се доближил до Сиргијан и успеал да го ликвидира во близина на Солун. Потоа бил склучен мир помеѓу Византија и Србија.
Мирните односи помеѓу Византија и Србија биле нарушени по 1341 година, кога по смртта на Андроник III во Византија започнала нова граѓанска војна помеѓу Ј. Кантакузин и неговите конкуренти од регентството. Во тој период упрвник во Солун бил Теодор Синадин, кој што одржувал врски со Ј. Кантакузин и «често пристигнувале писма од Синадин, тогашен управник на Солун, кои го поттикнувале императорот (Ј. Кантакузин) веднаш да навлезе во Македонија и сосема лесно да го завладее Солун...» (Έπει δ'έκ Συναδηνοϋ, δς τηνικαϋτα θεσσαλονίκης έπετρόπευε, γράμματα έφοίτα, διεγείροντα την ταχίστην αυτόν διαβάντα ες Μακεδονίαν εγκρατή θεσσαλονίκης εκ του 'ράστου γενέσθαι) [35]. Кантакузин навистина го опседнал Солун 1342 година, но не успеал да го освои, по што бил принуден да замине на дворот на српскиот крал Душан и да бара од него помош. Таму ја поминал зимата 1342/43, а веќе во есента 1343 година тие се разделиле и Душан продолжил да ги освојува македонските градови. Посебно е значајно освојувањето на Бер 1345 година и на Сер истата година [36].
Во врска со тие настани Н. Григора е сосема прецизен во својата Историја, истакнувајќи дека «во Македонија со другите градови потчинети на владетелот на Трибалите, и самата Верија му станала бргу потчинета... . А на Солун не му се допаѓало на било кој да се потчини, ниту на Кантакузин, ниту на владетелот на Трибалите. Внатрешен бунт веќе долго време владеел во тој град, на тој начин партијата на т.н. Зилоти господарела над другите». (έν δε Μακεδονία, των άλλων ύπηκουσϋν τω Τριβαλλών ήγεμόνι, Βέρροια... θεσσαλονίκη δ ουκ ήρεσκεν ούδενι προσρυήναι, μήτε τω Καντακουξηνω, μήτε μην τω των Τριβαλλών ήγεμόνι. Στάσις γαρ εκ πολλού κατεΐχεν αυτήν, και Ζηλωτών ούτωσί πως ώνομασμένων άθροισμα των άλλων έπρώτευε) [37].
Од сето досега кажано може да заклучиме дека во «Ромејската историја» Никифор Григора зборува за историско-географската територија на Македонија, чии што жители на неколку места ги нарекува «Македонци», а градовите и селата македонски. Тоа значи дека не станува збор за византиската тема Македонија. Овие податоци многу јасно ја разграничуваат Историска Македонија од темата Македонија. Во времето на Н. Григора тематското уредување е целосно пропаднато и на историската сцена стапуваат катепаникиите. Дури и самиот израз «тема» веќе многу ретко се среќава во историските извори. Токму затоа податоците што ги дава Н. Григора во своето дело се однесуваат за Македонија и Македонците и истите имаат драгоцена историска вредност за проучувањето и афирмацијата на македонскиот народ.
- ↑ За биографијата на Никифор Григора види поопширно: Византијски извори за историја народа Југославија. Том VI Београд 1986 (понатаму скратено ВИИНЈ). Користено издание: Nicephori Gregoгае Вуzantia historia I-II, еd. L. Schopenus, Воnnае 1829-1830, III, еd. I. Веkkеrus, Воппае 1855. Фрагментарен текст со превод има во «Извори за българската история». Том XXV – Гръцки извори за българската история. Том XI, София 1983 (преводот и коментарите се на: Ал. Милев и Л. Иончев). Само превод на одделни делови има во Византијски извори за историја народа Југославија, том VI, Београд 1986 преводот и коментарите се направени од С. Ћаирковић и Б. Ферјанчик.
- ↑ ВИИНЈ, VI, Л 53-162; 167; 181-185; 192-202; 204-207; 216-219; 273; 277-279.
- ↑ Извори за българската история. Том ХХV-Гръцки извори за българската история, XI, София 1983, 125 бел. 21 (понатаму скратено ГИБИ XI).
- ↑ Коледаров П. Името Македония в историческата география. София, 1985. С. 77.
- ↑ Nicephori Gregorae Вуzantia hiѕtоria. I-еd. L. Ѕсhореnus, Воппае 1829, 16 (понатаму скратено Gregorae I); ГИБИ, XI, 125.
- ↑ Gregorae 1, 26; ГИБИ, XI, 125.
- ↑ ГИБИ,Х1,125 бел. 21.
- ↑ ВИИНЈ, VI, 153.
- ↑ Gregorae I, 26; ГИБИ, XI, 125-126; ВИИНЈ, VI, 155-156.
- ↑ Idem. I, 71; ГИБИ, XI, 131.
- ↑ Idem. I, 48.Според и ВИИНЈ, VI, 157.
- ↑ ВИИНЈ, VI, 158-159.
- ↑ Gregorae. I, 72-73; ГИБИ, XI, 132.
- ↑ Idem. I, 146; ГИБИ, XI, 138.
- ↑ ВИИНЈ, VI, 180.
- ↑ Gregorae I, 246; ГИБИ, XI, 143.
- ↑ Gregorae 1,247; ГИБИ, XI, 143.
- ↑ Острогорски Г. Историја Византије. Београд, 1983 (фототипно издание), 463.
- ↑ Се однесува на населението што живеело во денешна Албанија, бидејќи Н. Григора секогаш за жителите на Балканот употребува архаични термини (Трибали за Србите, Мизи за Бугарите и сл.), Спореди: П. Коледаров,. Името Македония..., 77.
- ↑ Gregorae I,297.
- ↑ ВИИНЈ, VI, 192 бел. 71.
- ↑ Gregorae I, 394-395; ГИБИ, ХI, 152.
- ↑ Коледаров П. Името Македония..., 77 бел. 154.
- ↑ За датирањето на писмото спореди: Соrrеѕроndаnсе de Nicéphore Grégoras teхtе édité et traduit par R. Guilland, Paris 1927, 31; ГИБИ, XI, 146 (таму е датирано со 1328); Ј. Белчовски. Вториот брак на кралот Стефан Урош III и извештејот на Никифор Григора за патувањето на византиските дипломати во Скопје во 1326 година, (Писмо на Никифор Григора за Андроник Зарида според изданието на R. Guilland; превод на Јов. Белчовски, Споменици за средовековната и поновата историја на Македонија, II, Скопје 1977, 521-533 (натаму само Споменици, II).
- ↑ Gregorae I,375; Соrrеѕроndаnсе de Nicéphore Grégoras 33; ГИБИ, ХI, 147; Споменици, II 534-535.
- ↑ Соrrеѕроndаnсе..., 39; Споменици, II, 54.
- ↑ Gregorae I, 378; ГИБИ, ХI, 149.
- ↑ Idem. I, 379; Соrrеѕроndаnсе, 41; ГИБИ, ХI, 150.
- ↑ ГИБИ, ХI, 154.
- ↑ Gregorae I, 413.
- ↑ Idem. I, 413.
- ↑ Исто. 489.
- ↑ Idem. 490; ВИИНЈ, VI, 216-217.
- ↑ Gregorae I, 499.
- ↑ Gregorae II, 626; ГИБИ, XI, 169.
- ↑ Диниħ М. За хронологију Душанових освајања византиских градова. Зборник радова византолошког института. IV. Београд, 1966. 9-10.
- ↑ Gregorae II, 795; ГИБИ, ХI 1,188; ВИИНЈ, VI, 273.