Македонско девојче
- Македонско девојче,
- китка шарена,
- во градина набрана
- дар подарена,
- Дали има на овој бели свет
- поубаво девојче од Македонче?
- Нема, нема не ќе се роди
- поубаво девојче од Македонче.
- Нема ѕвезди полични,
- од твоите очи.
- да се ноќе на небо
- ден ќе раздени.
- Дали има на овој бели свет
- поубаво девојче од Македонче?
- Нема, нема не ќе се роди
- поубаво девојче од Македонче.
- Кога коси расплетиш
- како коприна
- лична си и полична
- од самовила.
- Дали има на овој бели свет
- поубаво девојче од Македонче?
- Нема, нема не ќе се роди
- поубаво девојче од Македонче.
- Кога песна запее
- славеј натпее,
- кога оро заигра
- срце разигра..