Марика мома убава

Марика мома убава,
Марика турски трендафил.
Девет години носена,
По ергенските џебови.
Прва година отидов,
Марика да ја побарам.
Мајка и рече, млада е,
Млада е наш'та Марика.
Втора година отидов,
Марика да ја побарам.
Мајка и рече, болна е,
Болна е наш'та Марика.
Трета година отидов,
Марика да ја побарам.
Мајка и рече, почина,
Почина наш'та Марика.

Надворешна врска

уреди

Музика