Мајка на Марика думаше

Мајка на Марика думаше
Марике ќерко Марике
земи го ќерко Ѓорѓија
Ѓорѓија први бекрија х2
Нејќум го мајко Ѓорѓија
Ѓорѓија први бекрија
Девет си жени погубил
Јас ќе сум мајко десетта. х2
Послуша Марика мајка си
зеде го Ѓорѓи бекрија
Ѓорѓи на Марика думаше
- Марике либе Марике. х2
Нова се крчма отвора
мене ме канат да идам
севтето да им направам
фирмата да им напишам. х2
Ене го Ѓорѓи кај иде
девет му зурли свиреа
девет му зурли свиреа
десет тапани чукаа. х2

Надворешна врска уреди

Во изведба на Никола Бадев