Мирјано мори, Мирјано
- Мирјано мори, Мирјано,
- Слушај што вели Ѓорѓија;
- Аман, аман,
- Слушај што вели Ѓорѓија.
- Чифликот ќе си продам,
- Тебе Мирјано да земам;
- Аман, аман,
- Тебе Мирјано да земам.
- Колку ти чини чифликот,
- Толку ми чини лицето;
- Аман, аман,
- Толку ми чини лицето.
- Нивите ќе се продадам,
- Тебе Мирјано да земам;
- Аман, аман,
- Тебе Мирјано да земам.
- Колку ти чинат нивите,
- Толку ми чинат веѓите;
- Аман, аман,
- Толку ми чинат веѓите.