Ми заплакало селото, селото Ваташа
- Ми заплакало селото, селото Ваташа,
- Тринајест роса младинци носат,
- Моклишко горе в'долови.
- Целото село станало, станало на нога,
- Дајте ги ваму нашите деца,
- Еј, вие клети крвници.
- Џелати клети не слушат, не слушат народот,
- Митролез оган фрлија поган,
- В'градите машки младински.
- Жален ми врисок пронесе в'селото,
- По тија рамни полиња родни,
- Ридишта голи тиквешки.
- Тогај се народ подигна, подигна илјадно,
- И тргна смело да затре семе,
- Фашиско, клето, за навек.