Море три години Стамбол го шетав

Море три години Стамбол го шетав

Море три години Стамбол го шетав
Темјано море си спечалив до три илјади,
Јагне Темјано, пиле шарено.
Првата илјада коњче си купив, Темјано,
Втората илјада такам за коњче,
Јагне Темјано, пиле шарено.
Третата илјада тебе да те земам, Темјано,
Таман кинисав дома да си идам,
Јагне Темјано, пиле шарено.
Таман кинисав дома да си идам, Темјано,
На среде поток коњче ми пукна,
Јагне Темјано, пиле шарено.

Надворешна врска уреди

Блог за македонски народни песни

Музика