На сред село тапан чука
- Зурли трештат на сред село
- тапан чука рум дум дум
- млади моми и ергени
- до две ора вијат
- Оздол иде стар бел дедо
- засукал мустаќи
- право трга на орото
- и он да се фати
- Го здогледа баба Меса
- дека дедо игра
- Каде одиш старо аро
- оро да им грдиш
- Стој почекај баба Месо
- до моми да играм
- да се фатам до момите
- срце да разиграм