Немој ме, мила мамо, луто да колниш
- Немој ме, мила мамо, луто да колниш,
- Оти сум станал мамо, младо спаивче.
- Ја, спремај ми го мамо брзото коњче,
- Јас ќе си одам мамо, Благино село.
- Ако е Блага, мамо болна легнала,
- Јас ќе се сторам мамо, младо докторче,
- И ќе ја лечам мамо, без пари.
- Ако е Блага, мамо за друг свршена,
- Јас ќе се сторам мамо, младо касапче,
- И ќе ја сечам мамо, парче по парче.