Не плачи мило либе, не жали (Параходот)

Параходот ми пристигна
збогум либе подај рака
не плачи мило либе, не жалај
јас пак ќе се вратам.
Очите ти насолзени,
устето ти насмејано
не плачи мило либе, не жалај
јас пак ќе се вратам.
Ја земи си бело крпче,
избриши си црни очи
не плачи мило либе, не жалај
јас пак ќе се вратам.

Надворешна врска уреди

Во изведба на Пепи Бафтироски