Низ двори се шета мома Катерина

Низ двори се шета мома Катерина е македонска народна песна.

Текст на песната

уреди
Низ двори се шета мома Катерина
Низ двори се шета мома Катерина,
бело променета како галабица.
Оф аман, аман како галабица. [x2]
Ситно кротко оди како еребица [x2]
Оф аман, аман како еребица. [x2]
Оздола ми иди едно лудо младо
сива коња јава, коња разигрува.
Оф аман, аман и на коња вели: [x2]
Играј коњу играј, ти да се наиграш
јас ќе те продавам на мома кадуша.
Оф аман, аман на мома кадуша. [x2]
Штом ми го дочула мома Катерина
и на лудо вели коња не продавај
Оф аман, аман коња не продавај. [x2]
Како твојта коња сегде редум има
како мома Ката нигде редум нема.
Оф аман, аман нигде редум нема. [x2]

Надворешни врски

уреди

Блог за македонски народни песни