Никнало, никнало, цвеќе шарено

Никнало, никнало,
Цвеќе шарено,
Пред моми, пред моминото
Пенџерче.
Дење го, дење го
Моме вадело,
Ноќе го, ноќе го
Момче крадело.
Дејгиди, дејгиди,
Момче будало,
Не знаеш, не знаеш,
Моме да љубиш,
Тук' знаеш, тук' знаеш
Цвеќе да крадеш.
Цвеќето, цвеќето
Е за мирисање,
Момето, момето
Е за љубување.

Надворешна врска

уреди

Музика