- Од умот се подизгубив
- За едно лично Охриѓанче.
- Од умот се подизгубив
- За едно лично, за едно лично Охриѓанче.
- Оди мајко, стара мајко,
- Скришем, скришем да н речиш.
- Оди мајко, стара ле мајко,
- Скришем, скришем,
- Скришем, скришем да н речиш.
- Син ми ќерко те милува,
- Па се срамел да ти речи.
- Син ми ќерко те милува,
- Па се срамел,
- Па се срамел да ти речи.
- Штом ме лудо милувало,
- З'ш не кажал од порано.
- Штом ме лудо милувало,
- З'ш не кажал,
- З'ш не кажал од порано.
- Сега сум си посвршено
- За едно лично Битолчанче.
- Сега сум си посвршено
- За едно лично,
- За едно лично Битолчанче.