Окупацијата на Македонија
Сојузниците во Првата балканска војна како што ги ослободувале македонските територии, така веднаш почнале да работат и на воспоставување своја власт врз нив.-Македонското население се до првата половина на 1913 година не знаело на која држава и припаѓа и каде се границите
Српската влада започнала да ги остварува политичките цели веднаш по победите во првите битки. По Кумановската битка, на освоената територија бил воспоставен режим на специјална управа. На 12 октомври 1912 година, штабот на првата. армија се обратил до Врховната команда со молба што е можно побрзо во Куманово да се испрати еден полициски комесар со потребен број службеници за одржување на редот во градот и во околијата.
Покрај тоа, се барало, на овој комесар да му се испрати на служба еден жандармериски одред од 25 души и 10 коњаници со командир на одредот. Во истата молба се барало и, во случај српските сили да го заземат Скопје, исто така, да се испрати еден полициски комесар со потребен број службеници и поголема полициска жандармерија, кои на барање на овој штаб ќе се упатат веднаш во Скопје. Следниот ден, странските конзули предводени од рускиот конзул Хартвиг го спречиле повлекувањето на турските сили во Скопје, по што тие се повлекле кон Битола, а градот Скопје и’ бил предаден на српската војска. Веднаш по преземањето на градот, била воспоставена српска воена привремена администрација.