Останала, останала жена удовица
- Останала, останала жена удовица,
- Удовица од седум одини,
- Удовица с'едно машко дете,
- Му туриле име Асан Ага.
- Расна Асан, расна Асан, расна ми порасна;
- Ми наврши петнаесет години,
- Па истера телца да ми пасе,
- Да ги пасе низ потур маале.
- Там ја најде, там ја најде Фатма потуршена,
- Она пасе калеши јаганца,
- Измешала телца и јаганца,
- Меѓу њима љубов потфатиле.
- Меѓу њима, меѓу њима љубов потфатиле,
- Пофатиле тврда беса дале
- Да се љубат да не се излажат.