- Голема риџа ти чинам
- ти кира Марије
- и јас те поздравјам
- да ми дојдеш на визита,
- јас да те пречекам 2х
- Не можам јас да ти дојдам
- кира Катерино
- и јас те поздравјам
- ќе ти ја пратам сестра ми
- кира Катерина. 2х
- Чукна тропна на портето
- кира Катерина
- отвори Деспина,
- не се спушти ни мајкае,
- ја фати раката,
- во раката меџидија
- нишан за Деспина.
- Нишан ти давам Деспино,
- да не ме заборавиш
- поминаја три години
- ти ме заборави. 2х
- Појди горе во одаја,
- тетко Катерино
- и јас те поздравјам
- ем благо да си земиш,
- кафе да си пиеш.
- Јас благо не ви љубам,
- кафе не ви пијам,
- само ја сакам Деспина
- за кир Ристакија. 2х
- Кој го љубел бармакот
- бармак,
- Димитри чапкунот
- тој те вртил три години
- и пак не те зеде. 2х
- Во сабота навечер
- на осум саати
- свири Караѓуле
- брзо наврати порта
- ти кира Маријо,
- Деспина ќе ја грабиме
- никој да не знае.
- Немој Марие нечини
- резил да не биде.
- Колку ѕвезди на небото,
- пушки ќе фрламе
- сватови ќе донесат,
- Деспина ќе ја грабиме
- никој да не знае.
- Немој Марие нечини
- резил да не биди.