Писмо до Никола Малешевски од 10 aприл 1897 г.

Ќустендил 97 год. 10/ IV

10 aприл 1897 г.

Никола ,

Твоите писма од 9-ти и 8-ми о.м. ги добив сношти . Многу ме чудиш со новините . Што претставува засега Дупница ? Сврталиште на војводи разбојници , поради кои и гнездо на шпиуни .За последните нема што да кажам , освен да ги пофалам со нивната умешност да го избираат местото , за да ги исполнуваат точно своите обврски . Од војводите многу нештаможат да се купуваат , зашто не само пијани , туку и во трезна состојба тие (војводите ) не се штедат да ги величаат своите големи подвизи .

Тешко на оние што им откажале подршка . Можеме ли во тој случај ние да им помогнеме на тие несреќници ? Каков друг лек ние би можеле да употребиме кога аптеката не ги пушта лековите што ние ги бараме ? Ништо , освен да може да се растури гнездото на шпиуните . А тоа може да стане ако имаме народни луѓе , кои ќе ги требат со убиства , и тоа такви , од кои секој би се потресол . Пази се и ти да не попаднеш без да сакаш в уста . Никој не доверувај му се .А за оној господин , за кој ми пишуваш ( Н.П.Стојанов ), ми иде да се сомневам во неговата чиста душа .Тој се гледа , сака да напипа нешто од тебе , затоа добро е не само да не му укажеш доверба , туку уште и да и го предадеш на полицијата како сомнително лице . Чучков ми пишува дека не праќал никогаш такво лице . Тој истиот се јавил и кај Каранов , но овде му се даде да разбере дека ја нема таа манџа што ја бара тој .Во Џумаја не можем сега да пишувам , но од Софија ќе можам . Утре заминувам за Софија , а ти , ако има да праќаш нешто , прати го на иста адреса .

Со братски поздрав

Ахил .