Поминаа луди млади години

Поминаа луди млади години е македонска народна песна.

Текст на песната

уреди
Поминаа луди млади години
Секоја вечер на тебе мислам еј лудо бре [x2]
само се мислам што да ти кажам еј лудо бре. [x2]
Рефрен
Поминаа луди млади години
си ветивне, ама не се зедовме. [x2]
Секоја вечер на порти чекам да поминеш [x2]
а ти минуваш и не ми збориш не ме гледаш. [x2]
Рефрен
Ќе мине младост, ќе дојде старост еј лудо бре, [x2]
очите тажни мои и твои ќе останат
очите тажни мои до века ќе тагуваат.
Рефрен


Надворешни врски

уреди

Блог за македонски народни песни