Предговор од Димитриос Литоксоу

ДВА НЕОБЈАВЕНИ И3ВЕШТАЈА ОД АРХИВОТ НА Ј. МЕТАКСАС

Во Централниот државен архив поточно, во Архивот на Јоанис Метаксас (досие 36), се наоѓаат два необјавени извештаја во врска со македонското малцинство, од значаен историски и политички интерес.

И двата доверливи извештаја составени од едно исто лице, учителот Г. Пападопулос, се адресирани до Државната служба за одбрана и претставуваат "плод на долгогодишно набљудување".

Првиот извештај, со датум од 05.05.1936 год. и под наслов "За емоционапната, јазичната итн. ситуација кај Славофоните Македонци, особено кај жителите во Западна Македонија, и за наметнатите мерки за нивно побрзо погрчување", составен е од тринаесет куцани страници и е напишан за време на службувањето на Г. Пападопулос во Второто Основно училиште во Воден.

Вториот е со датум од 22.07.1938 год., под наслов "За двегодишните напори за погрчување на Западна Македонија и постигнатите резултати", составен од осум куцани страници, составен во Неа Еритреја-Атика.

Од читањето на обата извештаја произлегуваат два основни проблема: а) немоќта на грчката држава да го инкорпорира малцинството, и б) македонската (а не бугарска) национална свест на мапцинството.

Ги подвлекувам забелешките на Г. Пападопулос за "упорното и намерно" карактеризирање на говорниот јазик како "македонски", за "упорното самоопределување" на припадниците на малцинството како "Македонци", слоганот "Македокија на Македонците" кој што "ги електризираше Славофоните", одбивањето на малцинството да го учи грчкиот јазик "поради нетрпеливоста помеѓу двата народа", малиот број гркофили помеѓу припадниците на малцинството (20%), "незаинтересираноста и презирот" на населението кон било какви "народни или државни појави".

Историските информации кои што, мошне лесно и без коментар произлегуваат од обата извештаи, се наоѓаат во забележителна контрадикција со тврдењата и изјавите на грчките историчари за непостоење на македонска национална свест пред војната, како и за непостоење на било каков отпор кон процесот на погрчување.

Воведно,токму поради ова, би сакал да споменам одредени факти плус, кои што грчката историографија систематски ги сокрива:

Формирањето на македонската национална свест е процес чии што корени задираат во почетокот на овој век, а свој политички израз најде, главно, во Гоце Делчев (187? 1903) од Кукуш и Јане Сандански (1872-1915) од Пирин.

Говорејќи за Сандански, Елефтериос Ставридис - водечка личност на КПГ (ККЕ) и нејзин секретар во дваесеттите години на овој век, а подоцна раководен кадар на десницата, пишува дека е човек "кој нанесе најголемо зло што би можел да го стори човек во Бугарија"; кој што "ги спречуваше славофонските жители на Македонија да се сметаат себе си за Бугари, култивирајќи ја македонската национална свест".

Македонското малцинство за прв пат се појавува во званичниот попис на населението во грчката држаба 1920 год. Иако податоците од пописот што се однесуваат на новите околии не се објавуваат, во томот со резултатите "Тесалија и Артас" постои разликување помеѓу Македонците, Србите и Бугарите, а особено во поделбата помеѓу схизматичарите-православци, како и според степенот на нивното знаење на грчкиот јазик.

Македонското малцинство е именувано како "македонословенско" во пописот од 1928 год. и званично, вкупниот број на припадниците на ова малцинство досега 82.000 луѓе, бројка што е помала од половината на реалниот број.

Во согласност со моите необјавени претпоставки, од вкупно 1779 села во новите македонски околии инкорпорирани во Грција, 427 (24%) се чисти, а 212 (11,9%) се мешани славофонски христијански села.

Западномакедонската област, што ја сочинуваат касабите Лерин, Костур, Воден и Јаница, покажуааат висок процент на славофони - христијани: од вкупно 358 села постојат 193 (53%) чисти, и 56 (15,6%) мешани славофонски христијански села.

Во оваа област, согласно со веродостојните статистички податоци на Бугаринот Канџов (1900 год.), од вкупниот број население 218.000, процентуалниот состав е следниот: славофони-христијани 62,4%, славофони-муслимани 11,5%, албанофони-муслимани 2,3%, албанофони-христијани 1,4%, гркофони-христијани (во јужниот дел на Костурската касаба) 4,1%,влахофони-христијани 3,4%, Цигани 3,2% и Евреи 0,5%.

Оваа слика прилично се менува по размената на населението, меѓу тоа грчкиот или поточно "грчки осознаениот" елемент останува и понатаму малуброен во областа што во 1928 год. ја сочинуваат околиите на Лерин, Костур, Воден и Јаница. Согласно со официјалните пописни податоци, од вкупно 194.000 жители во оваа област, има 55.500 (28,6%) бегалци и 3.000 (1,5%) државни службеници и административци дојдени од стара Грција. Ако на овие се додадат околу десетте илјади Грци-староседелци, остануваат 65% жители кои говорат на друг јазик, и етнички сомнително домородно население кое што го преокупира авторот на извештаите.

Во извештајот на леринскиот префект Ат. Сулјоти-Николаидис до грчката влада во август 1935 год., се оценува дека двете околии, Лерин и Костур, бројат 16.000 славофонски христијански семејства од кои 9.075 (54,1%) имаат "изразена словенска свест".

Со слоганот "Целосна рамноправност на малцинствата" КПГ (ККЕ) на парламентарните избори во 1936 год. добива, како Сенароден фронт, 5,8% од вкупниот број гласови во Грција. Во Леринската околија овој процент достига 6,5%, а во Костурската 9,5%. Значаен е процентот на КПГ во одделни малцински села во областите: Аг. Пантелејмонас (Патели) 19,1%, Јеропиги (Косинец) 20,8%, Нестрами 22,6%, Ксино Неро (Екшису) 23,1%.

На истите избори, Реформистичката партија на Сотири Гоџамани, со автономистичките слогани, добива 23,9% во околијата на Јаница, 25,4% во околијата Алмопија (Меглен) и 35,4% во Воденската околија.

Според еднострани информации, помеѓу 1933-1936 год., во грчкиот дел на Македонија со седиште во Солун, дејствуваше организација на Обединета ВМРО со 17 илегални месни комитети и 893 членови. За активноста на организацијата се гледа од нејзините писма, или писмата на нејзините членови до списанието "Ризоспасти" (25/4/34, П/Г./34. 10/6/34. 26/6/34, 22/7/34, 12/8/34, 12/9/34,3/10/34.1 /11 /34,13/11 /34.13/12/34,30/1 /35.3/7/35, 3/9/35, 10/3/36).

Мерките за погрчување ќе дадат резултат неколку години подоцна, само што тие резултати ќе бидат дијаметрално спротивни на оние што ги очевуваше грчката администрација: малцинотвото ќе создаде своја организација на отпорот за време на окупацијата. Во април 1944 год., само во 43 села во регионот на Костур, има 2.496 мажи и 1.941 жена организирани припадници на СНОФ.

Македонскиот 28-ми баталјон, кон крајот на 1944 год., доаѓа во судир со ЕЛАС. Раководството на малцинството повторно ќе стапи во сојузништво со КПГ и нејзиниот водач Нико Захаријадис, ќе ја укине правоснажноста на грчката администрација и ќе се огради од учество на изборитв во 1946 год. Во многу малцински села ова бојкотирање е речиси целосно. Го приложувам индикативниот број гласачи во одделни села во однос со бројот на жителите (според пописот од 1940 год.): Сидирохори (Шештево) 0/609, Мелас (Статица) 1/609, Левка (Жупаништа и Орман) 5/774, Гаврос (Габреш) 7/384, Халара (Поздивишта) 7/738, Висинја (Вишени) 10/684, Поликерасо (Черешница) 13/397, Маврокамбос (Црновишта) 14/332, Бопсори (Бапчор) 16/854, Кладорамби 17/326, Оксја (Бугарско Блаце) 17/247, Кранјонас (Дреновени) 27/702, Макрохори (Кономлати) 26/946, Тихио (Тихолишта) 42/844, Ксино Неро (Екшису) 49/1955, Аетос (Ајтос) 67/1189, Вефи (Баница) 66/2450, Буфи (Буф) 33/1989, Попилотамо (Неред) 31/1535.

Така, малцинството влегува во граѓанската војна, земајќи учество во рамките на НОФ, а со тоа и како сојузник на Демократската Армија и грчките комунисти. Ова герилство се уште го плаќа скапо. Правото на репатријација на политичките бегалци се однесува само на “Грците по род".

Грчката држава им забранува враќање иа татковинските огништа на сите оние кои што имаат македонска национална свест. Стариот пак другар по оружје, КПГ, го негира нивното постоење. За грчката левица (освен за поединечни исклучоци), како впрочем и за целиот грчки политички свет, македонско малцинство ниту постоело, ниту пак постои.

Меѓутоа, освен од животот, вистината продолжува да биде потсетувана и од историјата.