- На печалбарите
- Не ли ти кажав, не ли ти кажав,
- нели ти реков на проштавање?
- Ич не ме чекај, ич не ме пекај
- Белград е ламња, во Белград ја роб
- снага по туѓи палати оставам,
- снага во усни несити клавам,
- и дома – дома не ќе се вратам,
- не ќе ги пијам очите твои
- не ќе ја гледам снагата твоја –
- далеку негде сувата рака
- по тебе, Вело, пустата мака
- пуста ќе остане...
- Знам оти ѓердан веќе не нижеш,
- знам оти чеиз и ти не везеш,
- знам, Вело, пусто остана сичко –
- не ли си и ти аргатка клета?
- Тутуни садиш, тутуни нижеш,
- тутун таговно у монопол редиш,
- ме споменуваш и ем си жалиш
- денови – крепи тешки си редиш –
- Величко, мори, другачко златна!
- Но почуј, Вело, што ќе ти кажам!
- Не ми се, Вело, жали и клети!
- Подигни очи – очи засвети
- нија очи, што душа горат!
- Тој што ни, Вело, однесе сичко –
- тој ни остави од темно темен
- веков за мака – но и за борба.
- Има на вој свет како нас многу!
- Има ги, има – мачат се, копат,
- копачи копат по темнината,
- копачи копат и тунел дупат.
- И има, има – радост голема
- радост длабока во темнината:
- да светиш, Вело, жар да се стопиш –
- во борба гроб ти душа не зема!