Распукала Шар Планина

 Македонска Народна Песна
  „Распукала Шар Планина“
 
Распукала, распукала Шар Планина,
Ајде, распукала, распукала Шар планина.
Ми потвати, ми потвати три овчара,
Ајде, три овчара, три овчара - три чобана.
Први овчар, први овчар и’ се моли,
Пушти мене, пушти мене Шар Планино,
Имам жена, имам жена што ме жали,
Ајде, имам жена, имам жена што ме жали.
Втори овчар, втори овчар и’ се моли,
Пушти мене, пушти мене Шар планино,
Имам сестра, имам сестра - ќе ме жали,
Ајде, имам сестра, имам сестра - ќе ме жали.
Трети овчар, трети овчар и’ се моли,
Пушти мене, пушти мене Шар планино,
Имам мајка, имам мајка - ќе ме жали,
Ајде, имам мајка, имам мајка - ќе ме жали.
Жена жали, жена жали шест недели,
Ајде, сестра жали, сестра жали до година,
Мајка жали, мајка жали, дур до века
Ајде, мајка жали, мајка жали дур до гроба.