Римска митологиа
Римска митологиа
Римската митологија односно митските верувања на луѓето од стар Рим, може да се рече дека се состои од две фази: првата, кога Римјаните имале автентични верувања и божества, и подоцнежната втора фаза кога речиси целосно ги пресликале грчките богови во својата митологија. Раните римски верувања
Римјаните немале систем на систематски раскажувања за боговите и односите помеѓу нив, сè додека не ги презеле грчките приказни. Од друга страна, тие имале:
високо развиен систем на ритуали, свештенички здруженија и храмови за нивните божества, богат систем на историски митови за основањето и растот на нивниот град Рим вклучувајќи и улоги на луѓето, со повремени божествени интервенции. Тие дури немале ни збор за вулкан, но подоцна го создале од името на богот на огнот - Вулкан.
Раните божества
Римскиот митолошки модел вклучувал многу различен начин на определување и размислување околу боговите од грчкиот. На пример, кога би можеле да го прашаме античкиот Римјанин за божицата Церера, тој не би ви раскажал некоја приказна за божицата какви што развивале Грците, но би рекол дека таа имала свои свештеници, наречени фламени, кои биле подредени на фламените на Јупитер и Марс, но надредени на фламените на Флора и Помона. Тој би можел да раскаже и дека Церера е во група со две други земјоделски божества, Либер и Либера, и дека и служат други помали божества: на жетвата (Месор), на сеењето (Инситор), плевењето (Саритор), итн. Значи, изворната римска религија била составена не од приказни, туку од сложена хиерархија на поврзани односи помеѓу боговите. Оваа изворна религија со време се менувала поради воведувањето на конфликтни верувања во подоцнежниот период на Рим, особено под влијание на грчката митологија.