СТАТИЈА ОД ВЕСНИКОТ "ЊУС ХРОНИКАЛ" ЗА МАКЕДОНИЈА

СТАТИЈА ОД ВЕСНИКОТ "ЊУС ХРОНИКАЛ" ЗА МАКЕДОНИЈА

ОД: РОЈТЕР (извод)

МАКЕДОНИЈА ВКЛУЧЕНА ВО ЈУГОСЛАВИЈА Бугарска телеграфска агенција на англиски 11.55, 21. 9. 1944. (Телеграма од Софија за Берн: Ибрахим Шамли за Њус Хроникал. МАКЕДОНИЈА ВКЛУЧЕНА ВО ЈУГОСЛАВИЈА Софија: Македонија е прогласена за слободна и дел од Демократска и федералтивна Титова Југославија на заседанието кое се случи на денот Св. Илија (2 август) во Македонија. Прокламацијата е потпишана од 125 пратеници од сите делови на Македонија во присуство на британски, американски и советски мисии и претставници на Бугарија, Тито и Србија. Ова беше соопштено во утринскиот печат. Бугарскиот премиер изјави дека неговата влада го поздравува самоопределувањето на македонскиот народ. Министерот за пропаганда Казасов, вчера претпладне на прес конференција истакна дека бугарската влада смета дека е право на Македонците да одлучат за самите себе. Понатаму тој до-даде дека бугарската влада не е заинтересирана за анексија на Македонија. БАЛКАН СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА: БУГАРСКИ СТАВ СОФИЈА, ЧЕТВРТОК - М. КАЗАСОВ, БУГАРСКИ МИНИСТЕР ЗА ПРОПАГАНДА, ДЕНЕСКА ИМ ПРЕНЕСЕ НА СТРАНСКИТЕ НОВИНАРИ ДЕКА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА ЛЕЖИ ЦЕЛОСНО НА САМИТЕ МАКЕДОНЦИ. Бугарија смета дека македонскиот народ треба да има полна слобода за да одлучи за својата слобода и дека Бугарија ќе ја почитува секоја одлука донесена со слободна волја на македонскиот народ. Бугарскиот став, истакна тој, е јасно дефиниран во Манифестот на Татковинскиот фронт пред coup d’etat. Ројтер.

(Белешки)

Титовата прокламација веројатно не се однесува на било којдел од грчка Македонија. X. Томпсон 27.9

За заседанието и неговата декларација извести радиостаницата Слободна Југославија на 15 август 1944, 08,05. Постои опис за тоа во краткиот преглед на П. И.43, Бр. 255 (23 август) стр. 74. Пораката од заседанието до Черчил е доставена во телеграмата од Бари до Казерта до Брод, бр. 98 од 18 август. Сосема е јасно дека "Македонија" за која се зборува е југословенска Македонија. Но тоа не ја исклучува можноста југословенско македонските партизани да пројават аспирации кон делови од пред 1941 грчки, бугарски и албански територии за нивна Македонија. Изгледа дека ние немаме копија од "Манифестот од Татковинскиот фронт"на кој се прави алузија. Но треба да се има предвид дека секоја бугарска влада, пријателски наклонета кон Југославија, со одобрување би го пречекала искреното самоопределување на југословенска Македонија и можеби би била спремна даја отстапи бугарска Македонија кон една автономна Македонија. 29. 9. 1944 Лафен

Радио Анкара од 29 септември известува дека ген. Апостолски полага право на македонски територии зацртани од Марица, Охрид, Солун и Ристовац (40милји северно од Скопје). Ова може да биде уште еден удар на [sic] турското новинарство. 30. 9. 1944 Едмондс

FО 371/43649 R 15232/1009/67