Седма молитва на моето тело – Ацо Шопов
Предлошка:Заглавје
- Твојата молбена закана, твојата лукавост нежна
- и сите твои слатки измами ги знам.
- Дали оваа игра денеска толку ми стежна
- па пред тебе до болка и јас се разголувам.
- Ти знаеш - на ова место нема никаква трага,
- ни хишник овде ни ѕвер некаков мине.
- Биди милозлива, биди дарежлива и блага
- со ова тело од чекање што гине.
- Ова тело личи на жедна суводолица
- поцрнета од сонце, испукана од жега.
- Ова тело е истрајно и гладно како јаловица.
- Биди му родилка, зачни го повторно сега.