Седум јунаци и Арапин
- Средба срете Марко Прилепчанец,
- Средба срете низ Косово поле,
- Тамо прави седумдест манастир,
- Без везиров и без царев изан,
- От там ојде на широко Скопје,
- Тамо фати манастир да праве,
- Манастир праве свети Димитрја.
- Кога Марко направи манастир,
- Ми се пречу во града Стамбола,
- Во Стамбола до султан Мурата:
- „Султан Мурат си кладе телјали.
- Телал личе из града Стамбола: "Дал чуете Турци и рајате!
- Што настанал делибаша Марко,
- Што ми се тиа чудби от него!