Си заљубив едно моме
- Си заљубив едно моме
- од малечко до големо,
- дојде време да го земам, оф аман, аман,
- падна моме, се разболе.
- Јас отидов да ја видам,
- ми побара понудица,
- среде зима бело грозје, оф аман, аман,
- среде лето - жолта дуња.
- Јас отидов во чаршија,
- да побарам понадица,
- среде зима бело грозје, оф аман, аман,
- среде лето - жолта дуња.
- Ко се вратив од чаршија,
- сретнав моме на носилка,
- двесто давам - спуштете ја, оф аман, аман,
- тристо давам - да ја видам.