Слава славит Кралевиќе Марко
- Слава славит Кралевиќе Марко,
- слава славит светаго Ѓорѓија.
- Дошле триста попој и двесте калуѓери
- и триста стари патријарси.
- и му велет на Кралевиќе Марко,
- ејгииди Кралевиќе Марко,
- све си имаш, с'де риба от Охрида немаш.
- И си киниса Кралевиќе Марко,
- во града Охрида да ојт.
- Си зеде пушка и сабја.
- Мајка му велит:
- - Немој сине, не земај оружје.
- Нас ќе ни поможит свети Ѓоршија.
- Си киниса Кралевиќе Марко
- во Охрида града риба да си купит.
- и го најде едно Турче:
- - К'де одиш незнаен делија?
- - Што ме питаш, шо те тебе брига.
- Турчето го врза Кралевиќе Марка,
- и го однесе во града Охрида.
- Се молеле охриѓани:
- - Не губи го Кралевиќе Марко,
- не ќе ни родит нити жито, нити вино,
- нито трева по полето.
- А Марко му велит:
- - Немој да ме носиш
- прет јанино кафе, три години сум јало,
- пило, нишчо не сум платило.
- И тој сега за инет го однесе...
- А кога го виде Јана девојка:
- - Добро ми го донесе ов'ј пријет'л,
- три години јало, пило, нишчо не платило,
- сега ќе ми платит.
- И се опијани она црно Турче и си заспа,
- му зеде Јана к'лучој от појаси и го отк'лучи Кралевиќе Марко.
- Си однесе она Турче дома.
- И им велит на онје гости:
- - Ево риба од Охрида.