Словачки јазик/Глаголи
Сегашно време
уредиГлаголите во словачки јазик во нивната инфинитивна форма завршуваат на буквата ť.
Сегашното време (prítomný čas) во словачкиот јазик се образува со додавање на следниве наставки:
еднина | множина | |
---|---|---|
1. | − m | − me |
2. | − š | − te |
3. | ∅ | − jú / − ú / − ia |
čítať | robiť | cestovať | |
---|---|---|---|
ja | čítam | robím | cestujem |
ty | čítaš | robíš | cestuješ |
on / ona / ono | číta ∅ | robí∅ | cestuje ∅ |
my | čítame | robíme | cestujeme |
vy / Vy | čítate | robíte | cestujete |
oni / ony | čítajú | robia | cestujú |
Негација
уредиГлаголите во сегашно време може да се негираат со помош на префиксот ne−, на пр. nerozumiem, necestuje, nemajú.
Минато време
уредиМинатото време во словачкиот јазик (minulý čas) е составено од два елементи:
- глаголската л-форма од глаголот - изменувана по род и број
- конјугираната форма од глаголот byť во сегашно време во 1 и 2 лице еднина и множина, но се изостава во 3 лице.
čítať |
---|
čítal som |
čítal si |
čítal |
čítali sme |
čítali ste |
čítali |
Конјугираната форма од глаголот byť како дел од минато време секогаш се наоѓа на второ место во реченицата, на пр. čítal si или ty si čítal.
Идно време
уредиИдното време (budúci čas) се формира различно кај несвршените и свршените глаголи.
Несвршени глаголи
уредиИдното време од несвршени глаголи се образува од:
- конјугираната форма од глаголот byť во идно време
- инфинитивот од глаголот.
čítať | |
---|---|
ja | budem čítať |
ty | budeš čítať |
on / ona / ono | bude čítať |
my | budeme čítať |
vy / Vy | budete čítať |
oni / ony | budú čítať |
Свршени глаголи
уредиСловачките глаголи како и македонските доаѓаат во парови несвршен-свршен, при што значењето е исто, а се разликуваат во тоа дали дејството е завршени или не. На пример, од несвршениот глагол písať (пишува), со додавање на префикс na- се добива свршен глагол napísať (напиша):
- Chcem písať list. - Сакам да пишувам писмо. (незавршено дејство)
- Chcem napísať list. - Сакам да напишам писмо. (целосно извршено дејство)
Свршените глаголи немаат сегашно значење. Нивните форми за сегашно време искажуваат идно дејство.
Свшрените глаголи може да се формираат со префикс, кој е различен од глагол до глагол, и мора да биде научен. Најчестите префикси се po-, u-, z-/s-, za-, pri-, od-.
- u-: robiť>urobiť, variť>uvariť
- z-/s-: čítať>sčítať, variť>svariť, jesť>zjesť
- za-: hriať>zahriať, platiť>zaplatiť, volať>zavolať
- pri-: niesť>priniesť
- od-: ísť>odísť, strániť>odstrániť