САСЛУШАЊЕ


На Борис Ненадов...


Какви ви беа односите со Ченто од порано?

Од порано јас не го познавам Ченто. Изгледа тој мене добро ме познаваше уште од училиште, бидејќи јас бев постар. Кога се вратив од Бугарија 1941 година, Чента го гледав, но некои муабети не сме имале.

Од кога се врати Ченто од Скопје, од кога си даде оставката, какви муабети си водел со него?

Во мај месец оваа година, еден ден, навратив кај Чента во крчмата. Нарачав бира таму. Ченто, кога ми враќаше кусурот, ми донесе уште едно шише, кое јас не го порачав и ми рече: „Чекај малку“. После извесно време, од кога си отидоа гостите, Ченто зеде уште едно шише бира и седна со мене на маса. Тогај Ченто ми рече: Знаеш ли дека излегнал закон сите Македонци кои се дојдени од Бугарија ќе ги истераат. Јас на тоа му одговорив дека тоа си е државна работа, ако не гонат, нека не гонат. После тоа прашање јас го прашав: Зошто си даде оставката? На тоа Ченто ми одговори дека неговите предложенија кои ги имал давано во владата никој не му ги поткрепувал, така тој давал предложение тутунот, афионот и некои други работи да не се праќаат во сурово састојание во Белград, туку да се работи во Македонија, да се створи работа за работниците. След завршување на горниот разговор, Ченто стана од масата и појде на тезга и од тезгата ми донесе еден лист, напишан на машина, и ми го даде за да го прочитам. Јас го зедов да го читам, го прочитав малку и видов дека таму пишуваше за истите работи: за тутунот, афионот и други работи и после му го вратив листот. На тоа тој ми рече: Земи го, прочитај го и врати ми го.

Што пишуваше во тој лист што ти го даде Ченто?

То што го реков горе, за тутунот и афионот и пишуваше уште дека ако овие артикли се појќе пари и работниците би имале појќе работа.

Кога му го врати листот на Ченто?

След 10 дена од горниот разговор, еден ден, купив чрешни и минувајќи покрај неговиот дуќан, тој ме викна и јас влегов внатре. Седнавме на маса. Ченто ми донесе 1 ракија и една за него и тогаш ми рече дека е со намерение да замине во Франција, да присуствуе на Мировната конференција. Јас го прашав: Сам ли ќе заминиш или државата те испраќа? Тој ми каза дека сам ќе замине и ми рече да му најдам еден Мариовец кој ќе го префрли преку граница.

Да ли рече со каква цел ќе оди во Франција?

Ми рече: Ќе одам во Франција и ќе барам да се обедини цела Македонија. Ќе барам од великите сили да ја обединат Македонија...


8 Октомври 1946