Сторил ниет Зајко

Сторил ниет Зајко или Зајко Кокорајко

Сторил ниет Зајко, Зајко да се жени, 
Зајко Кокорајко, токмо младожења
Сторил ниет Зајко, Зајко да се жени,
Зајко Кокорајко, Зајко сербеслија,
напрчил мустаќи, си натресол гаќи,
нагрнал џамадан, капа писќулија,
море, токму младожења.
Дејгиди ерген, Зајко бре,
ерген мераклијо
Ми оженил Зајко Лиса удовица
светска испосница, личи на невеста.
Ми поканил Зајко, китени сватови
мечка месарија, волчица кумица,
ешко тапанџија, жаба зурлаџика,
овен есавџија, Мурџо аберџија,
море, се’ лични сватови.
Се накити Лиса, Лиса удовица,
маза размазана, селска визитарка.
Па си тргнал Зајко низ Солунско поле
там' си сретнал Зајко до два-три ловџии
ем они си носат пушки сачмајлии,
'рти ем загари, се одбор ловџии,
море силни нишанџии.
Дејгиди ерген, Зајко бре,
ерген мераклијо
Кога виде Зајко, 'рти ем ловџии,
се уплашил Зајко, личен младожења
Па си летнал Зајко, Зајко да ми бега,
Зајко Кокорајко, личен младожења
си искинал гаќи, размрсил мустаќи,
искинал џамадан, викнал се, провикнал:
море не сум младожења!
Дејгиди ерген, Зајко бре,
ерген мераклијо

Надворешна врска

уреди

Блог за македонски народни песни

Музика