Т'га за југ - Константин Миладинов
- Орелски крилја как да си метнеx
- и в наши ст'рни да си прелетнех!
- На наши места ја да си идам,
- да видам Стамбол, Кукуш да видам,
- Да видам дали с'нцето и тамо
- мрачно угревјат, како и вамо.
- Ако как овде с'нцето ме стретит,
- ако пак мрачно с'нцето светит:
- На п'т далечни ја ке се стегнам,
- и в други ст'рни ке си побегнам,
- каде с'нцето светло угревјат,
- каде небото ѕвезди посевјатз.
- Овде је мрачно и мрак м' обвива
- и темна м'гла земја покрива:
- мразој и снегој, и пепелници,
- силни ветришта и вијулици,
- Околу м'гли и мразој земни,
- а в’гради студој, и мисли темни.
- Не, ја не можам овде да седам!
- Не, ја не можам мразој да гледам!
- Дајте ми крилја ја да си метнам
- и в наши ст'рни да си прелетнам:
- на наши места ја да си идам,
- да видам Охрид, Струга да видам.
- Тамо зората греит душата
- и с'нце светло зајдвит в гората.
- Тамо дарбите природна сила
- со с'та раскош ги растурила:
- Бистро езеро, гледаш, белеит
- или од ветар синотемнеит:
- поле погледниш, или планина
- -сегде Божева је хубавина.
- Тамо по с'рце в кавал да свирам,
- с'нце да зајдвит, ја да умирам!